еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Видео) Шеик Имран Хосеин: Врз Македонија се врши политичко насилство, Муслимани не ги затворајте очите пред неправдата

Исламскиот теолог, филозоф и дипломат Шеик Имран Хосеин ги повика Муслиманите да застанат на страната на Македонија и да не поддржуваат крвопролевање.

„Врз Македонија се врши политичко насилство! Не ги затворајте очите пред неправдата! Застанете на страната на Македонија„, апелира тој во видео обраќање.

Тој најавува посета на Македонија и се осврнува на актуелните случувања со францускиот предлог, кој, според Хосеин, претставува политичко и лингвистичко насилство врз Македонија.

„Македонија сега е брутално нападната. Кој било човек што зборува на некој јазик, знае дека ние сме сопственици на нашиот јазик, па така и македонскиот народ го поседува правото на сопственост на својот јазик.

Очигледно станува збор за грубо политичко насилство, штом се принудени да прифатат дека нивниот јазик е дијалект на некој си друг јазик. Ова претставува политичко и лингвистичко насилство.

И не само што тоа треба да биде осудено, туку, ние Муслиманите од целиот Балкан, мора да застанеме во поддршка на онеправданите. Кристално јасно е дека Македонија е угнетена и врз неа се врши политичко насилство. И функцијата, должноста на Муслиманот е да застане во одбрана на угнетуваните, и да пружи отпор на угнетувачот„, порачува Хосеин.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ѓукановиќ: Референдумот во Македонија е „сигнал за тревога“ за ЕУ

Редакција

Боледувањето се продолжува за три дена од седмиот, ако заболениот има симптоми

Редакција

Финансиска полиција поднесе кривична пријава против управители во Европска очна болница

Редакција