еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

(Видео) „Скриен бисер на Европа“: Еден од најпознатите светски туристички блогери Дацешин, снима видеа за убавините на Македонија

„Македонија е скриен бисер на Европа и земја во која ќе ги запознаете некои од најдобрите луѓе во својот живот.“

На овој начин, еден од најпознатите светски туристички блогери Роберт Дацешин, ја опишува Македонија во своите видеа, кои дојде да ги сними за убавините на земјата.

„Изминатите седум дена, имав можност по прв пат да ја посетам Северна Македонија, мојата 93 држава до сега, но и една од оние посебни земји во кои инстант се заљубуваш. Да бидам искрен, не сум сигурен што повеќе ми се допадна овде, дали природата, луѓето, храната или историјата, бидејќи се е така автентично и навистина единствено,“ пишува Дацешин на неговиот Инстаграм-профил на кој има повеќе од 105.000 следачи.

Дацешин изработил четири видеа за Македонија кои ќе ги објави на неговиот Јутјуб канал, на кој има 100.000 следбеници, а има снимено 244 видеа од 92 земји од светот кои што ги посетил.

„Ја напуштив стандардната работа од 8 до 4, за да патувам низ светот,“  вели Дацешин, кој е од Босна и Херцеговина, а ги освојува срцата на љубителите на патувањата ширум светот.

Во ноември 2022 година, тој ја доби наградата за Најдобар туристички филм на светот, според гласови од публиката, на World Tourism Film Awards во Валенсија.

Дацешин е автор и на четири книги, меѓу кои и водич за најубавите природни локации во Босна и Херцеговина „Босна и Херцеговина-70 најубави природни локации“, како и книгата „80 најубави места во Босна и Херцеговина.“

Освен преубави приказни од светските дестинации, тој дава совети и за евтини патувања.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Robert Dacešin (@robert_dacesin)

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од Ковид-19 минатата недела починале 9 лица

Редакција

Што ќе се случи ако нема цензус: За избор на претседател треба да гласаат најмалку 723.253 граѓани

Редакција

Пресврт: Мијалков останува во притвор, овој пат за „Плацови на Водно“

Редакција