еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Пресврт: Мијалков останува во притвор, овој пат за „Плацови на Водно“

Основниот кривичен суд – Скопје го прифати предлогот на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, за определување мерка притвор во траење од 30 дена против Сашо Мијалков, обвинет во предметот „Плацови на Водно“.

– Постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција, за определување мерка притвор против С.М. обвинет во предметот со КОК бр. 63/21 во јавноста познат како „Плацови на Водно“, а имајќи ја предвид итноста на постапката, Кривичниот совет, по добивање на предметот, одржа седница на советот и донесе решение со кое го прифати предлогот на јавниот обвинител и на обвинетиот му определи мерка притвор во траење од 30 дена, се вели во соопштението од Основниот кривичен суд.

Од Основниот кривичен суд додаваат дека Советот смета оти се исполнети условите од член 165 став 1 точка 1, односно дека постои опасност од бегство, а решението е во фаза на експедирање до странките во постапката кои имаат право на жалба пред Апелациониот суд Скопје.

Основното јавно обвинителство попладнево поднесе Предлог за определување на мерка притвор за Мијалков, по обвинение за „перење пари и други приноси од казниво дело“ во предметот „Плацови на Водно“.

Апелацискиот суд во Скопје денеска ја прифати гаранцијата од 11.106.501 евра со што на поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Мијалков, како што потврдија за МИА од Судот, мерката притвор му беше преиначена во мерки за претпазливост, односно одземање на пасошот и обврска да се јавува во суд.

Гаранцијата од над 11 милиони евра се состои и во недвижен и во подвижен имот, а Мијалков треба да излезе од притвор кога ќе завршат административните процедури со ставање под хипотека на имотот што е понуден како гаранција дека нема да избега.

Оваа мерка притвор на Мијалков му беше изречена во врска со предметот „Трезор“, каде е неправосилно осуден на осум години затвор.

Тој има првостепена пресуда и во случајот „Таргет – Тврдина“ со која е осуден на 12 години затвор, обвинет е и во случаите „Плацови на Водно“ и „Титаник 2“, а осомничен е и во предметот „Империја“. Во „Тортура“, пак, доби ослободителна пресуда.

Сашо Мијалков се наоѓа во затворот во Шуто Оризари од 26 февруари годинава, откако претходно неколку дена беше во куќен притвор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мијалков излегува од притвор, Апелација ја прифати гаранцијата од над 11 милиони евра

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поради Бугарија договорот на Фронтекс со Македонија се уште не е потпишан

Редакција

Казни за 380 граѓани поради неносење заштитна маска

Редакција

Џафери: Не можам да кажам кога законски ќе се одложи пописот, има процедури

Редакција