еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Мијалков излегува од притвор, Апелација ја прифати гаранцијата од над 11 милиони евра

Апелацискиот суд во Скопје ја прифати гаранцијата од 11.106.501 евра со што поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, излегува од притвор.

Како што потврдија за МИА од Апелацискиот суд, Мијалков ќе излезе од притвор откако ќе биде приложена финансиската гаранција со која мерката притвор се преиначува во мерки за претпазливост, односно одземање на пасошот и обврска да се јавува во судот.

Гаранцијата од над 11 милиони евра се состои и во недвижен и во подвижен имот, а Мијалков треба да излезе од притвор кога ќе завршат административните процедури со ставање под хипотека на имотот што е понуден како гаранција дека нема да избега.

Мијалков издржува мерка притвор во предметот „Трезор“, каде е неправосилно осуден на осум години затвор.

Тој има првостепена пресуда и во случајот „Таргет – Тврдина“ со која е осуден на 12 години затвор, а обвинет е и во случаите „Плацеви на Водно“ и „Титаник 2“, а осомничен е и во предметот „Империја“.

Во „Тортура“, пак, доби ослободителна пресуда.

Сашо Мијалков се наоѓа во затворот во Шуто Оризари од 26 февруари годинава, откако претходно неколку дена беше во куќен притвор.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вкупно 1.511: Од Ковид-19 починаа 24 лица

Редакција

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ продолжи со аферата „Паразити“: Директорите на ЕСМ и МЕПСО, Ковачевски и Муртезани, со месечна плата од 1.700 евра

Редакција

Со коронавирусот во Европа може да се бориме две години

Редакција