еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Поради Бугарија договорот на Фронтекс со Македонија се уште не е потпишан

За потпишување на договорот на Северна Македонија со Фронтекс постои очигледен интерес и во самата Европска Унија ова прашање да се регулира, со оглед на нашата георгафија. Мигрантската криза 2015 и 2016 година, балканската рута и специфичната територија, ја прави македонската граница важна за ова прашање, изјави денеска вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров на конференцијата „Улогата на медиумите и граѓанските организации во процесот на интеграции“.

-Договорот не е потпишан. Ние бевме меѓу првите земји што ги затвори суштински и содржински преговорите во однос на правата, обврските, одговорностите од Фронтекс.

Главното и последно прашање е ова што сега се јави со овој сегашен предизвик, односно македонскиот јазик, тоа што Бугарија има резерва во однос на формулацијата македонски јазик, рече Димитров.

Од друга страна, посочи Димитров, нашата позиција е дека овој договор како и договорите со сите други држави, што го имаат потпишано на српски, на црногорски јазик…, треба да биде потпишан и на македонски јазик.

МИА во декември минатата година, побара одговор од Европската комисија до каде е потпишувањето на договорот за Фронтекс помеѓу Северна Македонија и ЕУ, при што одговорот беше проблемот е употребата на „македонски јазик“, јави тогаш дописничката на МИА од Брисел.

Европската Унија е во процес на потпишување на договор со земјите од Западен Балкан за Фронтекс, односно за интегрирано гранично управување, една од стратешките точки во борбата против „нелегалната миграција“ на ЕУ, бидејќи земјите од регионот се наоѓаат на клучната „балканска рута“.

Во последните две години, ЕУ ваков договор потпиша со Албанија, Црна Гора и Србија.

Со Северна Македонија договорот за Фронтекс е инициран во јули 2018, но до денешен ден останува непотпишан само поради Бугарија.

Од Европската комисија МИА во декември го доби следниот одговор на прашање до каде е потпишувањето на договорот:

-Референцата „македонски јазик“ е единствената пречка што преостанува за потпишување на договорот, за други детали обратете се директно кај националните власти“, стои во писмениот одговор од Европската Комисија до МИА.

Од Комисијата не беа во можност да одговорат дали ова прашање наскоро ќе се реши и дали тоа има безбедносни импликации за Европската Унија.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детален преглед на пријави до МВР за прекршување на изборниот процес

Редакција

“Црните листи“ на САД и Обединетото Кралство влегуваат во македонското законодавство

Редакција

Објавени телефонски броеви за донирање за лекување на малата Теодосија, која се бори со рак на бубрезите

Редакција