еМагазин
Image default
Македонија

Во Општата болница-Кочани се намалуваат дел од капацитетите за пациентите со Ковид-19

Намалувањето на бројот позитивни лица и пациенти со Ковид-19, што е регистрирано од почетокот на оваа година, придонесе за ослободување на дел од капацитетите во Општата болница со проширена дејност во Кочани.

Регионалниот ковид-центар ќе продолжи со работа, а од раководството на јавната здравствена установа ги демантираат информациите во јавноста за негово затворање, со оглед што пандемијата сè уште трае.

„Се намалуваат само дел од капацитетите, како што е оној на интензивна нега, но другите остануваат, со што ковид-центарот не се затвора. Во спротивно, би немале каде да ги згрижуваме пациентите.

Денеска имаме пет нови пациенти кои се на кислородна поддршка со потешка клиничка слика.

Во меѓувреме, очекуваме да се имплементира договорот со Светска банка за поставување и опремување на модуларната ковид-болница, за која Општина Кочани веќе обезбеди водоводна, канализациска и електрична инсталација, а се гради бетонската платформа на локацијата во кругот на нашата болница,“ истакна директорот на Општата болница, Александар Серафимов.

Додаде дека до крајот на март се очекува модуларната ковид-болница да биде изградена и ставена во функција, со што ќе се ослободат просторните капацитети на интерното и другите одделенија што привремено се адаптирани за згрижување на ковид-пациентите.

Според податоците од Центарот за јавно здравје во Кочани, во моментот активни на Ковид-19 се 96 случаи. Од крајот на минатата година досега се евидентирани 292 заболени, а во истиот период оздравеле 457 пациенти, додека седум починале.

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Рускоска: Заев го има само еднаш во исказот на Камчев, други политичари не се спомнати

Редакција

ВМРО-ДПМНЕ демантира дека се прифатени дел од нивните забелешки за СЈО

Редакција

29-годишен бугарски навивач проподен со нож во скопски Чаир

Редакција