еМагазин
Image default
Да помогнеме ТОП СТОРИИ

(Видео) Сторијата за Сузана Тачева и нејзината 12-годишна ќерка Марија ја расплака Македонија, ама и ја крена на нозе

Тешката животна приказна на самохраната мајка Сузана Тачева и нејзината 12-годишна ќерка Марија од с.Ораовица, радовишко, споделена во Срце на дланка која се емитува на Алфа ТВ, ја расплака Македонија, ама и ја крена на нозе.

Двете живеат во многу лоши услови, без купатило и многу други основни потреби.

Од шест години Сузана, откако нејзиниот сопруг починал, самохрано ја расте Марија со социјална помош од 6.400 денари, а двете живеат во една соба.

Како што раскажуваат имало месеци кога живееле буквално и гладни, а Сузана има и здравствени проблеми, нема можност ни да се лекува како што треба, ни да работи.

Сузана, која после 22 години брак ја добила Марија е несреќна, бидејќи не е способна да и овозможи живот каков што заслужува секое дете.

„Ќерката вели мамо купи ми патики, но велам чекај прво да платиме сметки. За чизми и даде една другарка, а и немаше некоја зима годинава. Патки сега мора да и купам, но од каде со 6.000 денари, но ми вели мамо не плачи. Немам ни за мандарини, банани, а сокови и да не споменувам, не пие тоа.

Имаше месец со 80 денари останав, откако 6.000 денари на нотар ги дадов за куќата. Имам сестра, мајка, но тие не ме помагаат. Но, братучедите ме помагаат“, раскажува Сузана.

Јас ја разбирам мама дека не може да ми овозможи како што сите мајки можат на децата, вели малата Марија.

„Претходно имаше теписони само на подот и ми студеше, цело време нозите ми беа ладни. Би посакала и чоколади и смоки, ама нема мама пари да ми купи. Тоа што го имаат другите деца го сакам и јас“, вели ќерката Марија и додава:

“Јас сум многу порзлична од нив, тие имаат посебни соби, а ние со мама во една соба живееме. Ми требаа патика, но мама нема со што да ми купи.

Кога си доаѓам дома се ме болат прстите, ама не и кажувам на мама, да не се растажи. Ми треба облека. Луѓе што ми даваат тоа носам, другарките носат фармерки, кожени палтиња, а јас ништо.

Во лонец грееме вода, се бањаме во корито. Јас учам сама да си готвам, во едно тенџере и вариме и пржиме и јадеме од него“.

Помошта за оваа семејство од различни страни веќе почна да стигнува, а доколку сте во можност и Вие можете да помогнете.

Доколку сакате да помогнете истото може да го направите преку контакт со Сузана на број 070 286 913 или трансакциската сметка на нејзино име во Комерцијална банка: 300087113680108.

Целиот прилог на “Срце на дланка“ ОВДЕ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Скитер и Смоук Панда во соработка со Тони Зен ја издадоа „Ол-Стар“ – нова хит песна

Редакција

Убава вест: Оздравени 131 заразени од Ковид-19, најмногу од Скопје и Куманово

Редакција

“Гевгелиското бе, го знаеш, три напред, еднаш во затвор„: Твитер реакции за орото во Гевгелија

Редакција