еМагазин
Image default
Забава

(Видео) Суперхикс Банда инструментале ја промовираа новата песна „Добар човек“

Суперхикс го промовираа својот нов сингл со наслов „Добар Човек“ и анимиран видеоспот авторско дело на младите Меланија Димоска и Александар Несторовски.

„Ова е најновиот сингл на Суперхикс со наслов „Добар Човек”. Уште еден од неколкуте кои го најавуваат најновиот студиски албум на вашата Банда Инструментале.

Суперхикс упатуваат апел и предлог до Министерството за здравство и сите останати релевантни установи да се субвенционираат сите антидепресиви и релаксирачко/смирувачки медикаменти.

Македонија е рекордер по сите параметри за користење на антидепресиви и седативи по глава на жител па со ова значително би им се олеснило на корисниците а за жал ги има илјадници. Очекуваме одговор – час поскоро!,“ се вели во соопштението.

Песната е снимена во студио ТРА ЛА ЛА (Мите Димовски), а музиката, текстот и аранжманот се на Суперхикс.

Фото: Фејсбук/Суперхикс

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Децата од „Дајте музика“ ќе нѐ претставуваат на Детска евровизија 2021 во Париз

Редакција

(Фото) Дунавка Трифуновска лажниот принц Чернетиќ ја прогласи за „Дама на сребрениот медал на свети Ѓорѓи„

Редакција

Со кревањето на фестивалското знаме започна „Макфест“

Редакција