еМагазин
Image default
ТОП СТОРИИ Убава приказна

(Видео) Сузана Димитриевска е земјоделка која користи информатичка технологија во семејната фарма

Сузана Димитриевска е земјоделка која произведува органски производи и ги користи информатичките комуникациски технологии (ИКТ) за да ја зголеми ефикасноста на нејзината семејна фарма.

Пред неколку години, Димитриевска набави софтвер за управување со фарма што ѝ овозможи подобро да ги планира и контролира културите, да ги минимизира трошоците за работна сила и да троши помалку на гас и органско ѓубриво, со што ја зголеми добивката.

По склучување договор со швајцарска компанија во 2017 година, Сузана сметаше дека може да ја изврши целата работа со сезонски ангажиран труд. Сузана, со поддршка од консултант и швајцарската компанија, имаше можност да подготви анализа на трошоците и добивките од мануелната работа наспроти користењето на машина за автоматско сортирање.

Тие идентификуваа оптичка машина за сортирање по боја која може да открие и сортира преку 123 различни видови земјоделски култури, билки и земјоделски производи според нивната големина, боја и форма. Со заем од банка, таа инвестираше во оптички фото-селектор.

„И покрај тоа што цената од 75.000 евра беше голема, сега можам лесно да селектирам и пакувам грав, истовремено исполнувајќи ги стандардите за квалитет на моите клиенти“, вели Сузана.

Информациските и комуникациските технологии, како оние што ги избрала, веќе долго време се гледаат како двигатели на руралниот развој и го забрзуваат напредокот кон родова еднаквост. ИКТ се однесуваат на широка категорија на уреди и услуги кои им помагаат на земјоделците да собираат, чуваат, анализираат и споделуваат податоци.

Тие овозможуваат јакнење на руралните луѓе, а особено жените, на безброј начини – од мобилните телефони кои овозможуваат пристап до мобилно банкарство и сателити кои обезбедуваат ажурирани временски извештаи до беспилотни летала кои овозможуваат детални воздушни снимки.

Сепак, оние што најмногу би имале корист од ИКТ, исто така, се најмалку способни да пристапат до истите и да си ги дозволат. Сиромашните рурални жени, и покрај тоа што играат фундаментална улога во земјоделското производство, имаат помал пристап до ИКТ отколку нивните побогати, урбани или машки колеги. Како резултат на тоа, во многу рурални средини, целосниот потенцијал на ИКТ останува неискористен.

Современата технологија се исплаќа

Од моментот на прифаќање на софтверот за управување со фарма, Сузана ужива во зголемената способност за одлучување и гледа дека нејзината инвестиција се исплаќа. Таа може поефикасно да ја води фармата, користејќи го софтверот за водење евиденција, да ги следи трошоците, да управува со сезонските работници и да ја анализира профитабилноста на секоја од своите култури.

Всушност, по нејзината прва година на користење на софтверот, Сузана дозна дека некои од културите што ги одгледувала со години не биле економични, па така сега ги испитува попрофитабилните опции.

Сузана се стреми кон прецизно земјоделство со помош на ИКТ, како начин за намалување на нејзините ризици и ублажување на ефектите од климатските промени.

Во 2017 година, исклучително високите температури зафатија голем број од нејзините земјоделски култури. Сите нејзини кајсии, лубеници, грав, наут и сончоглед беа засегнати, а листовите на нејзиното грозје изгореа од топлината.

Но, со инвестирање во прецизно земјоделство – користејќи ИКТ како мапирање на земјиштето и воздушни снимки – таа ќе добие важни информации за тоа како и кога да ги наводнува своите култури за максимална ефикасност.

Овој пристап ќе го намали ризикот од загуби кај културите и ублажување на ефектите од климатските промени. Во блиска иднина, таа се надева да инвестира во дополнителен модерен систем за наводнување и почвени сензори.

„Малите земјоделци како мене, сè уште немаат знаење и разбирање за потенцијалните можности што ги нудат ИКТ“, вели Сузана. Потребни се повеќе демонстративни фарми за да можеме да научиме како може да се користат новите технологии, кои се придобивките и евентуално да одлучиме да инвестираме во нив”.

Организација за исхрана и земјоделство на ООН ФАО редовно организира регионални форуми за е-земјоделство каде што се демонстрира употребата на ИКТ во однос на храната и земјоделството и каде им е овозможено на малите земјоделци да ги споделат сопствените искуства едни со други.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени 12 пациенти од корона вирусот, вкупно до сега 1.694

Редакција

Бирократско вртење во круг: Леонид засега останува без државна помош за лекувањето во Виена

Редакција

Професор Трајковски: Делта сојот можеби е веќе доминантен во Македонија

Редакција