еМагазин
Image default
Забава ТОП СТОРИИ

(Видео) Светот остана без Тина Тарнер, почина кралицата на рокенролот

На 83-годишна возраст во својот дом во Цирих, Швајцарија, по долго боледување почина кралицата на рокентролот, Тина Тарнер.

Легендарната пејачка изминативе години имаше здравствени проблеми, ѝ беше дијагностициран рак на цревата во 2016, а имаше и трансплантација на бубрег во 2017 година.

Родена е како Ана Меј Булок во Тенеси, САД, на 26 ноември 1939 година, а ќе ја паметиме по бројните хитови: „Simply The Best“, „Proud Mary“, „Private Dancer“, „What’s Love Got to do With It“, „We don’t need a another hero”…

Има освоено осум „греми“ награди, а магазинот Ролинг стоун ја стави на листата Бесмртници – најголемите изведувачи на сите времиња.

Нејзиниот живот е раскажан во три мемоари – биографски филм, џубокс мјузикл и во документарецот „Тина“ од 2021 година.

Фото: Фејсбук/Тарнер

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Каролина сподели убави моменти од одморот во Хрватска

Редакција

(Фото) Владата се уште држи седници без заштита на министрите против корона вирусот

Редакција

Клиниката „Жан Митрев“ со протестна нота до Министерство за здравство за вчерашниот извештај за починати пациенти од Ковид-19

Редакција