еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

(Видео) Успешно вградено вештачко срце кај уште еден пациент на д-р Жан Митрев

На Дејан Христовски, млад пациент во 40тите години му е продолжен животот откако од д-р Жан Митрев заедно со тимот му беше вградено вештачко срце, информираат од Клиниката Жан Митрев.

Механичка циркулаторна потпора или т.н. механичко срце кое се вградува до срцето ја подобрува функцијата и ја надополнува во оној дел каде не е функционално.

Кај Христовски е дијагностицирана тешка дилатативна кардиомиопатија која во последните неколку години особено се влоши и срцевата функција континуирано опаѓаше. Вештачкото срце, покрај класична трансплантација, претставува една од двете можни опции за пациенти кај кои не помагаат лекови.

Кај овие пациенти потребна е постоперативна обука за нив и за семејството за ракување со поставениот уред. Кај Христовски постоперативна обука поминаа успешно и пациентот беше пуштен дома.

Ова е еден од 40-те пациенти кај кои во текот на изминатите 4 години д-р Жан Митрев заедно со својот тим има вградено ваков уред. Сите овие пациенти со вградувањето вештачко срце добија шанса за враќање во нормален живот, велат од Клиниката.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

И на Бадник нема прекин на борбите во Украина

Редакција

Германски експерти од Федералната криминалистика ќе помогнат околу истрагата за несреќата во Тетово

Редакција

УЈП распродава запленети автомобили и камиони за да наплати данок

Редакција