еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ објави нови имиња од аферата „Тајни имоти“

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, на прес-конференција денеска објави нови имиња од аферата „Тајни имоти“.

“Наместо извинување до граѓаните и оставки, функционерите од власта кои кријат имоти бегаат од одговорност. Со досегашните постапки нив ги штити Ковачевски и ДКСК. Институциите наместо да отворат постапки пишуваат бледи соопштенија и не преземаат никаква иницијатива.

Аферата „Тајни имоти“ опфаќа функционери именувани од Владата, а кои имаат голема партиска историја во СДС, односно држат повеќе функции во партијата.

Таков е примерот со Ана Марија Павиќ, која е именувана за член на Управниот одбор на Прифатниот центар за баратели на азил и не поднела анкетен лист, а истата е координатор на Форумот на жени во ОО Бутел и била кандидат за советник од партијата. Таа на сопствено име има луксузна лимузина Ауди А5, а остатокот од имотот е на нејзиното семејство.

Аферата „Тајни имоти“ опфаќа голем број на лица од кои зависат сложени процеси во државата и распределување на финансиски средства до граѓаните и фирмите, еден таков е Саша Максимовски, претседател на Комитетот за одобрување на инвестиции на ФИТР, и со работна позиција раководител на сектор во Владата на Република Македонија, кој не доставил анкетен лист до Антикорупциска комисија, а од она кое што ние го утврдивме на негово лично име има стан во населбата Карпош во Скопје.

По линија на претседателот на Комитетот за одобрување на инвестиции во ФИТР одат и членовите на истиот. Па така анкетен лист не поднел ниту Теди Цоневски, член на Комитетот за одобрување на инвестиции во ФИТР. Цоневски не го пријавил својот имот, кој според нашите истражувања се состои најмалку од еден стан во Горно Соње, еден стан во Кисела Вода и еден стан во Центар. Цоневски е основач и на фирмата Интрател софт ДООЕЛ Скопје, која ја формирал во месец септември оваа година. А, покрај горе наведеното е и вработен во една голема телекомуникациска компанија.

Да потсетиме, преку ФИТР, каде Максимовски и Цоневски одлучуваат за грантови, се даваа грантови на луѓе блиски до СДС, буквално по принципот на измислување на топла вода.

Голем број на функционери кои имале неколку функции пред да ја извршуваат последната функција не го ажурирале својот анкетен лист и по скоро година дена. Таков е случајот со директорот на Инспекторатот за транспорт, Гајур Рушити, Ташко Дојчинов, државен правобранител за подрачјето на Гевгелија, и Васко Стефанов, директор во Пошта.

Очекуваме Ковачевски наместо да ги брани, да побара пресек од ДКСК од сите функционери кои не поднеле анкетни листови и да ги разреши, само така ќе покаже дека ова не е системска операција на власта за криење на имоти.

Доколку Ковачевски не го стори тоа, само ќе покаже дека и тој е дел од процесот за криење имоти, а можеби и тој крие имот дел од аферата „Броило““, рече тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

“Немам поднесено анкетен лист“, вели Ивица Јевтиќ, кој се спомнува во аферата „Тајни имоти“ на ВМРО-ДПМНЕ

Каков имот пријавил Валентин Груевски, кој се спомнува во аферата „Тајни имоти“ на ВМРО-ДПМНЕ

Се огласи Валентин Груевски, кој се спомнува во аферата „Тајни имоти“ на ВМРО-ДПМНЕ

Фото/видео: ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Tribeca – Botanic Shop & Cafe, ново хит место во Скопје

Редакција

Трипати му забил нож на синот за да го научи да го почитува: Детали од Обвинителството за инцидентот во угостителски објект на Бит-пазар

Редакција

Турција бара да се преземат мерки против Фето во земјава

Редакција