Два стана изгореа синоќа во пожар во Штип, а две лица се полесно повредени.
Пожарот избувна во зграда на улицата „Широк дол“.
Станарите велат дека глетката била срашна, а пожарот избувнал во стан, во којшто немало струја.
Според соседите ова не е првпат да се пали овој стан, се сомневаат дека пожарот настанал од запалена свеќа.
Според надлежните од Итната медицинска помош во пожарот полесно се повредени две лица, на кои медицинскиот тим им даде и кислородона поддршка.
МИА/еМагазин/Фото/видео: МИА
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.