еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

(ВИДЕО) Во земјотрес на Хаити загинаа најмалку 304 лица

Најмалку 304 луѓе загинаа, а 1.800 се повредени во земјотресот со интензитет од 7,2 степени според Рихтеровата скала што го погоди вчера југозападниот дел од Хаити, соопштија властите.

Земјотресот уништил куќи, училишта, хотели и цркви.

Епицентарот на земјотресот бил на 8 километри од градот Петит Тру де Нипес, што е 150 километри од главниот град на карипската островска држава, Порт-о-Пренс, објави американскиот геолошки институт.

Земјотресот се случи на длабочина од 10 километри во саботата околу 8.30 часот по локално време, и беше почувствуван во Куба и Јамајка, проследен со серија последователни земјотреси.

Цивилната заштита на Хаити објави дека бројот на жртвите од земјотресот се искачи на 304 загинати и најмалку 1.800 повредени. Во спасувачките операции на итните служби и населението, многумина беа извлечени од урнатините, но по многумина се уште се трага.

Во земјотресот се уништени најмалку 949 куќи, седум цркви, два хотели и три училишта, а оштетени се повеќе од 700 куќи, седум училишта, три болници и затвор, но нема информации за поголема штета на поморската, воздушната и телекомуникациската инфраструктура.

Премиерот Ариел Хенри прогласи едномесечна вонредна состојба.

МИА/Видео: CNN

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На Комисија во Собрание изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница

Редакција

Минатата недела се намалил бројот на лицата кои по вторпат се заразиле со Ковид-19

Редакција

Верица Белчовска, чии органи досега спасија три животи, во Струмица каде на пешачки ја удри возило дошла за подобар живот

Редакција