еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

„Викенд на врапчето“ – едукација на најмладите за важноста на укажувачите и борбата против корупцијата и судирот на интересите

За ефективна борба против корупцијата, судирот на интересите и заштита на укажувачите, важна е едукацијата уште од најраната возраст. Тргнувајќи од оваа девиза викендов во Зоолошката градина во Скопје се одржа настан „Викенд на врапчето“.

Во рамите на настанот дечињата цртаа птици – симбол на укажувачите, а воедно се информираа заедно со своите родители за значењето на темата интегритет, и важноста од заштита на укажувачите за создавање на просперитетно општество.

Содржините беа прилагодени на возраста на дечињата, за нивно полесно разбирање и усвојување, преку концептот на игра и забава.

Актерката Ана Левајковиќ од Театарот за деца и младинци ги анимираше дечињата и преку разговор и игри им го доближи концептот на укажувачи и им ја пренесе пораката за важноста да се реагира и укаже на сѐ што е неправилно и штетно.

За секој цртеж дечињата добиваа карта за влез во Бејби зоолошката градина и пакет за хранење на животните.

Настанот „Викенд на врапчето“ е дел од кампањата за заштита на укажувачите на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) како дел од ИПА II проектот на ЕУ „Промовирање на транспарентноста и одговорноста на јавната администрација во Северна Македонија“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Една може“ организира панел дискусија за мобилизација за социјално претприемништво

Редакција

За 24 часа собрани средствата за тригодишната Срна

Редакција

(Видео) Успешна операција на една од најкомплексните аномалии на срцето кај бебе од домашниот тим предводен од Академик д-р Жан Митрев

Редакција