Утре ќе дува умерен до засилен ветер од западен правец и од попладне во западните делови ќе има услови за слаб дожд, на планините за снег.
Утринската температура ќе се движи од минус еден до три степени, а дневната од четири до 18 степени.
Во Скопје слично време со минимална температура од минус еден и максималната од 14 степени.
Под влијание на влажен бран во недела кон крајот на денот на запад ќе има повремен дожд, на планините снег. Врнежите ќе продолжат преку ноќта и во понеделник, кога ќе се прошират насекаде и претежно во планинските региони ќе бидат пообилни и појава на снег ќе има понекаде и на повисоките места, најави Управата за хидрометеоролошки работи.
Во понеделник и особено во вторник ќе дува силен северен ветер (и над 65 км/час), а дневните температури во понеделник ќе бидат пониски за 6 до 8 степени.