еМагазин
Image default
Македонија

Вишо обвинителство побарало Мијалков да се ослободи за „Тортура“

Вишото јавно обвинителство од Скопје побарало од Апелацискиот суд да ја отфрли жалбата на колегите од Основното јавно обвинителство и да ја потврди ослободителната пресуда за Сашо Мијалков и Алфите обвинети во предметот „Тортура“, кој се однесува за мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување, при апсењето на Љубе Бошкоски, објави А1он.

Мијалков и Алфите добија ослободителни пресуди од првостепениот суд со образложение дека обвинителот Љубомир Лапе не докажал надвор од основано сомнение дека тие се виновни за делото. На пресудата жалба до Апелација поднесе обвинителот Лапе, по што било побарано мислење и од повисокото обвинителство.

Како што за А1он потврдиле од Обвинителството, од страна на Вишото јавно обвинителство било испратено официјално мислење до Апелација, кое директно оди против колегите од Основното обвинителство, односно се бара нивната жалба да се одбие како неоснована.

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кривичниот совет ги потврди притворите за Камчев и Панделески

Редакција

(Видео) МВР апелира доколку граѓаните препознаат некој од хулиганите да пријави на 192

Редакција

Побарана екстрадиција на Шеваљ Муареми и Мухамед Чајани од Обединетите Арапски Емирати

Редакција