Како резултат на квалитетните и оригинални производи, добрата дистрибуција и спремноста да се задоволат специфичните барања на купувачите, компанијата Виталиа оствари раст на извозот од 15% во првите 8 месеци од 2018 година во споредба со истиот период лани.
Компанијата го зголеми и бројот на вработени за 25%, континуирано инвестирајќи и во самиот процес на производство. Растот се бележи на извоз на поширок асортиман на производи, пред се во категоријата на производи без шеќер, протеински производи и безглутенски производи
Виталиа е двигател на македонската економија, компанија која придонесува кон севкупниот економски развој, кон намалување на трговскиот дефицит, и која соработува со повеќе домашни комплементарни компании, велат од компанијата.
“Домашниот пазар е мал за производствените компании чиј таргет е континуиран раст и развој и одтука тие мора да се насочат кон странските пазари. Виталиа има амбициозна цел до 2025 година да го дуплира извозот и истиот да учествува со повеќе од 95% од вкупниот промет на компанијата.
Виталиа е македонска производна компанија за здрава храна која континуирано ги следи истражувањата и трендовите во прехранбената индустрија, и која е присутна на сите поголеми интернационални саеми за храна. Ги има имплементирано најстрогите интернационални стандарди за безбедна храна како IFS, НАССР, ISO, BRC, Vegetarian. Виталиа произведува широко портфолио на производи за сите генерации, за различни категории на луѓе, за оние кои сакаат да одржуваат здрав живот, како и за оние со одредени потешкотии“, велат од компанијата.
Денес брендот Виталиа е присутен во најпознатите светски трговски синџири како: Auchan, Tesco, Kaufland, Metro, Billa,Veropulos, Carrefour, Spar, Merkator, Konzum, Delhaize, Wholefoods, DM, а од пред две години Виталиа брендот е присутен и насветската online продавница amazon.com како и на рафтовите на Wholefoods USA и Канада.
Виталиа се извезува во повеќе од 55 земји, на 5 континенти и тоа Европската Унија, Америка, Австралија, Јапонија, Блискиот исток, Русија, Индија, Либан, ОАЕ, Казахстан, Бразил, Сејшели…
2018 е јубилејна година, компанијата слави 25 години на македонскиот пазар.