еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

„Виз ер“ отвори седум рути од Македонија кон четири држави во Европа

Wizz Air, најбрзо растечката авиокомпанија во Европа, денес објави дека постепено се отвораат 7 линии до 4 дестинации, од двата македонски аеродрома. Првиот од обновените летови беше на 23 мај.

Wizz Air нуди широк спектар на ниско-буџетни линии до најатрактивните земји и градови низ Европа, вклучувајќи ги Франција и Германија, како најрелевантни дестинации.

Билетите се достапни на Интернет на wizzair.com или преку мобилната апликација.

„Како резултат на олеснетите ограничувањата поради Ковид-19, низ цела Европа, Wizz Air оди напред, најавувајќи повторно отворање на линиите што ќе ги однесе патниците до повеќе европски дестинации.

Почнувајќи од крајот на мај, секој  може да резервира карта и да ужива во долгоочекуваниот одмор или посета на семејството и пријателите ширум континентот, во текот на летото, на уште повеќе WIZZ дестинации.

Земји во кој Wizz Air повторно ги отвора летовите се Франција, Германија, Австрија и Шведска. Уште еднаш, Wizz Air ја докажува својата заложба и повторно ги поврзува Северна Македонија со Париз Бове, Базел-Мулхаус-Фрајбург, Фридрихшафен, Дортмунд, Виена, Карлсруе/Баден-Баден и Малме,“ информираат од компанијата.

Понатаму, за да се осигури дека патниците и екипажот патуваат безбедно и безгрижно, Wizz Air продолжува со своите безбедносни протоколи во авионот и ефективниот систем за вентилација. Системот за вентилација со кој е опремен авионот е дизајниран за целосно менување на воздухот во кабината 20 пати на час, така што чистиот воздух постојано циркулира.

„За максимална флексибилност, кога станува збор за резервации, Wizz Air им препорачува на патниците да ја користат услугата WIZZ Flex.

Со оваа услуга патниците имаат дополнителна заштита. Користејќи ја оваа услуга патниците можат да изберат да патуваат на различен датум или на друга дестинација, како и да имаат можност да го откажат летот до 3 часа пред лет без никаков надомест и да добијат 100% поврат на средствата како Wizz кредити,“ се додава во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детален преглед: Чаир доминира меѓу скопските општини по бројот на активни случаи на заразени од корона вирусот

Редакција

Некои чудни „бомби“ на два дена пред избори: Кој е Илија Громовник?

Редакција

(Галерија) Поради високите цени, млади „окупираа“ супермаркет во Солун

Редакција