еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

„Виз ер“ прославува 18 години од првиот лет и денеска ги наградува своите патници со 18% попуст на сите летови

„Виз ер“, денеска прославува 18 години од работење во Европа и по повод својата годишнина, авиокомпанијата им нуди на своите клиенти попуст од 18% на сите летови во мрежата на “Виз ер“, информираат од компанијата.

Намалените авионски карти се достапни само денес, 19 мај, 2022.

За време на своите 18 години постоење, уште од првиот лет во 2004 на Катовице – Лондон Лутон рутата, „Виз ер“ константно ја проширува својата мрежа на рути и флотата на авиони.

Исто така, од како беше направен првиот лет од Македонија во 2012, авиокомпанијата им нуди на своите македонски клиенти поволни алтернативи по ниски цени до различни дестинации насекаде низ Европа и не само тоа, денес имаме летови од два аеродроми во земјата, велат од компанијата.

„Виз ер“ нуди широк спектар на нискобуџетни летови до најатрактивните локации во Европа. Картите се достапни за резервација, онлајн на wizzair.com, како и преку мобилната апликација.

-Изненадете ги вашите пријатели, вашето семејство или самите себе со карта до посакуваната дестинација, без разлика дали станува збор за сончева плажа, прошетка во некој од најубавите градови или посета на странска дестинација, посочуваат од компанијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Филмот „Хомо“ ќе се прикажува во Америка

Редакција

Празнична донација на ОКТА за ранливите групи граѓани

Редакција

За првпат во Зоолошка градина Скопје пристигнуваат пингвини

Редакција