еМагазин
Image default
Бизнис

„Виз ер“ со рекорден број на превезени патници во јуни: Превезени 4,34 милиони патници и пораст од 179% на годишно ниво

„Виз ер“ го слави неверојатно високиот број на патници во јуни, превезувајќи рекордни 4,34 милиони патници во текот на месецот. Ова претставува зголемување од 179% во споредба со јуни 2021 година, информираат од компанијата.

Во текот на изминатите 12 месеци, „Виз ер“ брзо ја прошири својата разновидна мрежа, додавајќи 200 нови линии до 126 дестинации низ Европа и пошироко.

„За да го поддржи овој континуиран раст, „Виз ер“ ја прошири флотата за 27 ултра модерни и ефикасни авиони Ербас во текот на изминатата година.

Вклучувајќи ги најновите технологии, флотата од Ербас на „Виз ер“ е составен елемент на стратегијата за одржливост на авиокомпанијата, поддржувајќи ги нејзините цели за намалување на емисиите на CO2 за 25% по патнички километар до 2030 година.

Претходно оваа година „Виз ер“, исто така, потпиша Меморандум за разбирање со Airbus за истражување потенцијалот за операции на авиони на водород.

Големиот број на нарачки кои се во договор со Ербас ја поткрепува целта на „Виз ер“ да биде групација со флота од 500 авиони до крајот на деценијата. Нарачката во моментов се состои од 13 A320neo, 255 A321neo и 47 A321XLR авиони, плус дополнителната нарачка за 15 A321neo и правата за купување за 75 A321neo, што претставува вкупно 411 авиони,“ информираат од компанијата.

Zsuzsa Trubek, менаџер за комуникации во „Виз ер“, изјави дека се горди што со нив летаа рекорден број патници до нивните дестинации во јуни.

„И покрај добро документираните предизвици со кои се соочува туристичката индустрија, постигнавме значителен раст во текот на изминатата година, поставувајќи ги темелите за континуиран раст во следната деценија.

Нашата нарачка од над 400 авиони Ербас е вистинска промена на играта за Виз, нудејќи најнизок еколошки отпечаток по патник, како и поткрепа на нашата амбициозна стратегија Виз500.

Би сакале да им се заблагодариме на нашите лојални клиенти што продолжија да го избираат „Виз ер“ поради неговите ниски цени, разновидна мрежа на рути, модерна и зелена флота, како и одличната услуга во авиотранспортот,“ изјави Трубек.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Намалена работата на македонските градежници во странство

Редакција

Зоран Здравев си поднесе оставка од Одборот на директори на „Европа“

Редакција

Се бараат протоколи за рестораните за свадби, во спротивно протест

Редакција