еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА

За третата бескаматна кредитна линија „Ковид 3“ за микро и мали претпријатија 31 милиони евра

Вкупниот финансиски износ на третата бескаматна кредитна линија со грант компонента наменета за микро и мали претпријатија погодени од Ковид-19 (Ковид 3) е 31 милиони евра, од кои 60.000.000 денари, односно еден милион евра, се буџетски средства од програмата П1 на Министерството за економија, додека 30 милиони евра се од Европската Унија, што е резултат на одлуката на Владата од вчерашната седница.

Владата го задолжи Министерството за финансии да потпише договор за администрирање на средствата со Развојна банка на Северна Македонија.

Владата го задолжи Министерството за финансии, во соработка со Секретаријатот за европски прашања, да ја известат Делегацијата на ЕУ во земјата дека мерката е усвоена од Владата и дека министерствата за финансии и за економија и Развојната банка на Северна Македонија преземаат активности за операционализација на мерката.

– Финансиските средства за бескаматна кредитна линија со грант компонента наменета за микро и мали претпријатија погодени од КОВИД-19 (Ковид 3) од 30 милиони евра се повлечени од 50-те милиони евра награда за успешност заради целокупниот напредок во процесот на Европска интеграција на Северна Македонија, за кои Владата со официјален допис се обрати до Европската Комисија дека овие средства ќе се користат за опоравување на земјата од последиците предизвикани од пандемијата со КОВИД-19, соопштија од владината Прес-служба.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Инфлацијата во јуни 3,2%

Редакција

Предупредувачки протест на синдикатот за зголемување на минималната плата

Редакција

Дури 455.100 македонски граѓани живеат во сиромаштија

Редакција