еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Вкупно 1.207: Нови 37 случаи на коронавирусот, најмногу во Скопје и Куманово

Во изминатите 24 часа потврдени се 37 нови случаи на Ковид-19, информираат од Министерството за здравство.

По градови: Скопје-8, Куманово-9, Прилеп-5, Тетово-3, Велес-3, Охрид-8, Кочани-1.

Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со ковид-19 во Македонија изнесува 1.207.

Со тоа, последната дистрибуција по градови е: Скопје – 409, Куманово – 329, Дебар – 51, Штип- 32, Прилеп –117, Тетово – 55, Струга – 55, Велес – 58, Битола –17, Охрид –15, Кавадарци – 4, Гостивар –12, Гевгелија – 4, Струмица – 2, Крива Паланка-4, Радовиш – 4, Крушево – 3, Кочани – 27, Пробиштип – 2, Кичево – 2, Неготино – 2, Демир Хисар – 1, Македонски Брод – 2.

„Во изминатото деноноќие направени се 314 теста. Преку Институтот за јавно здравје –222, преку Ветеринарен ф-тет -0, Авицена –3, Биотек –27, Филип Втори (Жан Митрев) – 17 и Систина со PCR метода  – 45.

Досега во земјата се направени вкупно  11.870 тестирања на Ковид -19.

На Инфективната клиника во Скопје, примени се 8 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 55, од кои 17 се на кислородна поддршка, а 5 се на механичка вентилација.

Во ГОБ „8 септември“ примени се 7 нови, а вкупно се хоспитализирани 34 пациенти, 7 пациенти се приклучени на респираторна машина. Од болницата со дозвола на ДЗСИ се испишани 3 пациенти, се уште позитивни, но во општа добра состојба кои продолжуваат со лекување во домашни услови, под постојан лекарски надзор и редовни контролни брисеви.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 13 пациенти, од нив 3 се на кислородна поддршка. На домашно лекување се следат уште 15 пациенти.

Во штипската болница во мометов се лекуваат 5 ковид позитивни пациенти, испишано е едно четиричлено семејство. Нивните први контролни брисеви се негативни, а пациентите се во општа добра состојба. До вториот негативен контролен брис, пациентите ќе бидат под редовен лекарски надзор. Преку болницата во Штип се следат уште 20 пациенти кои се лекуваат во домашни услови“, велат од Министерството за здравство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од коронавирусот починаа двајца мажи, од Скопје и Штип, на возраст од 66 и 83 години

(Графикон) 91 случаи на Ковид-19 во Македонија импортирани од надвор

(Графикон) 43 деца до 9 години во Македонија заразени со коронавирусот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Мукаетов за Al Jazeera Balkans: Алкалоид за 17 години порасна за 4 и пол пати

Редакција

Анита Стамнова нова директорка на Централен регистар

Редакција

(Фото) Бигорски манастир преполн за Велигден: Голем број на верници, Христовото воскресение го дочекаа во македонскиот Ерусалим

Редакција