еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Влада: Починатите од Ковид-19 не мора да се закопуваат во залемен метален сандак

На денешната седница Владата го прифати заклучокот на Комисијата за заразни болести, дека овластените оператори за погребални услуги се должни да го применуваат соодветниот наменски Протокол за превенција од инфекција и контрола за безбедно управување со мртво тело во контекст на Ковид-19, во кој не е правно нормирано дека постапувањето со тело на умрено лице кое починало од заразната болест Ковид-19, се врши во затворен и залемен метален сандак.

Воедно, со овој заклучок Владата наведува дека подготовка, завиткување, транспорт и закопување на мртво тело кое починало од заразната болест Ковид-19 не е утврдено дека се врши во затворен и залемен метален сандак ниту во Правилникот за условите и начинот за закопување, ископување и пренос на умрено лице.

Согласно протоколот и правилникот, ексхумацијата на починатите е дозволено, но не порано од една година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Застрашувачки: Осум лица починале од грип минатата недела

Редакција

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски ја запроси Соња: „Доста беше, до вечноста“

Редакција

Многу топло време и повисоки температури утре и во сабота, од недела попладне пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Редакција