еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Почна постапката за избор на универзален снабдувач на струја

Владата на денешната седница донесе Одлука за почнување постапка за избор на универзален снабдувач со електрична енергија.

Универзалниот снабдувач ќе биде должен да врши снабдување со електрична енергија на домаќинствата и малите потрошувачи кои се наоѓаат на подрачјето на кое има обврска да обезбеди универзална услуга и кои избрале да бидат снабдувани од него, во согласност со обврските утврдени со Законот за енергетика и правилата за снабдување.

Како што соопшти владината прес-служба, универзалниот снабдувач, согласно законот, ќе биде должен да обезбеди универзална услуга за период не подолг од пет години.

Во следниот период, ќе се подготвува тендерската документација и јавниот повик со цел заштита на интересите на граѓаните и малите потрошувачи.

-Изборот на универзален снабдувач е во согласност со Законот за енергетика, заради остварувањето на правото на домаќинствата и малите потрошувачи поврзани на електроенергетскиот систем на универзална услуга во снабдувањето со електрична енергија, потсетува Владата.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Солзи радосници: Прва трансплантација на црн дроб во Македонија од починат донор

Редакција

68. компании кои котираат на Македонската берза лани со добивка, 21. со загуба

Редакција

Здравствените установи подготвени со дежурни екипи за новогодишната ноќ

Редакција