еМагазин
Image default
Бизнис

Ребалансот на Буџетот помина на Влада: Предвидено е задолжување преку еврообрзници до 800 милиони евра

Владата на седница одржана вчера го донесе ребалансот на Буџетот за 2020 година, соопшти владината прес-служба.

Владата усвои и Одлука за максимален износ на ново задолжување преку издавање државни хартии од вредност на меѓународниот пазар на капитал – еврообврзници на Република Северна Македонија во износ од 800 милиони евра.

„Имајќи ги предвид сите предизвици што произлегоа по прогласената пандемија на Ковид-19 на светско ниво од страна на Светската здравствена организација, мерките за заштита и рестрикција на движење кои ги преземаат државите, а особено нејзиното влијание на пазарите на капитал, Министерството за финансии предложи, а Владата прифати, финансирање со издавање на еврообврзници, кои ќе ја поддржат ликвидноста на државата во време на пандемија, намалената економска активност, преземените мерки за заштита на економијата и работните места на граѓаните, како и зголемените трошоци во секторот здравство“, наведуваат во соопштението.

Оттаму додаваат дека предложениот максимален износ на новото задолжување во износ до 800 милиони евра ќе обезбеди финансиски средства за буџетска поддршка во 2020 и 2021 година и за рефинансирање на обврските кои достасуваат по основ на отплата на државниот долг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нова Уредба: Договорните услови на кредитите ќе се менуваат 90 дена по вонредната состојба

Уставниот суд ја замрзна Уредбата за даночната постапка: УЈП ќе треба да објави листа на должници

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Струмички Грозд лани работел со добивка

Редакција

Акции со најголем раст и пад на Македонската берза во јануари

Редакција

Народна банка ја разгледува можноста за воведување на дигитален денар

Редакција