еМагазин
Image default
Бизнис

Владата ќе продолжи да го субвенционира „Визер“ по реактивирање на авио линиите

Владата ќе продолжи со исплата на средствата за финансиска поддршка на „Визер“ за воведувањето нови летови од двата македонски аеродрома откако нискобуџетната авиокомпанија ќе ги реактивира авио линиите согласно уредбите и условите предвидени во Договорот склучен за периодот од 2019 до 2022 година, информираат за „Мета.мк“ од Министерството за транспорт и врски.

„Сакаме да потенцираме дека Министерството за транспорт и врски и авиокомпанијата „Визер“ доследно го почитуваат Договорот за финансиска поддршка, а воспоставувањето на редовните линии, како и воведување на нови линии зависи од бизнис политиките на авиокомпанијата“, велат од ова министерство.

Инаку, склучениот Договор сè уште е активен, но Владата пролетва го стави во мирување поради пандемијата на Ковид-19, неработењето на македонските аеродроми и големиот број на откажани летови.

Специјализираниот портал „Екс-Ју Авиејшн“ вчера објави дека „Визер“ е во процес на суспензија на 50 летови од земјите на поранешна Југославија, од кои најголем дел се од скопскиот аеродром.

За крајот на март 2021 година е одложено повторното воведување на авио линиите од Скопје за Салцбург, Ларнака, Бремен, Хановер, Сандерфјорд, Барселона, Столкхолм и Ваксјо.

За почетокот на декември годинава е планирано повторно да се воведат летовите за Брисел, Париз, Баден Баден, Будимпешта, Милано, Венеција, Рим, Малта и Братислава.

Воедно, „Визер“ е во процес на повторно воспоставување на летовите Скопје-Турку, Скопје-Нирнберг и Скопје-Копенхаген.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Детална листа: „Виз ер“ ќе суспендира голем број летови од Охрид и Скопје

Мета

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Горивата поскапуваат од 1,5 до два денари

Редакција

Во блок-трансакција продадени 27.092 акции од „Гранит“ за 475.000 евра

Редакција

ЗСФ-КОМ и Современ дом ја зголемија сопственоста во Скопски пазар

Редакција