еМагазин
Image default
Македонија

Владата го демантира МВР дека опожареното возило било во нивна сопственост

Владата ја демантира информацијата од МВР, дека на паркинг- простор на ул.„Кеј Димитар Влахов“ е опожарено возило во нивна сопственост.

Во информацијата од билтенот на МВР, која што „еМагазин“ ја објави се вели:

„На 02.07.2020 во 02.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на паркинг- простор на ул.„Кеј Димитар Влахов“, настанал пожар, при што била опожарена сува трева и заден дел на паркирано патничко возило „ауди 4“, без регистарски ознаки, сопственост на Владата на Р.С.Македонија.“

Од Влада пак велат дека „според информациите на Службата за општи и заеднички работи во Владата, возилото за кое се пишува во вашиот текст дека е опожарено не е во сопственост на Владата.“

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пожар на паркинг зафати „ауди“ на Владата

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Директор на јавно претпријатие се вработил сам себе во истото претпријатие, откри Антикорупциска

Редакција

(Видео) Мајката на Вања за првпат во судница

Редакција

Минатата недела од Ковид-19 починале 71 лице, најмногу во Скопје, 18

Редакција