еМагазин
Image default
Македонија

Шестмина новозаразени од корона вирусот во Дебар

Се зголемува бројот на заразени од Ковид-19 во Дебар, чија вкупна бројка, со последно дијагностицираните шест случаи, се зголеми на 102 лица.

Од вкупната бројка оздравени се 48, четворица починаа, додека 50 се активни на болеста, од кои седум се на болничко лекување во ГОБ „8 Септември“ во Скопје.

Дека бројот на новозаболените ќе се зголемува претходно предупреди и градоначалникот на Дебар, Хекуран Дука, повикувајќи се на информации на епидемиолошката служба.

-Сето тоа е поради непочитувањето на мерките и протоколите од страна на граѓаните и деловните субјекти. Апелирам да бидеме сите совесни и да се однесуваме одговорно како во првата фаза од пандемијата, заради себе си, нашите најблиски и државата, порача Дука.

Според статистичките податоци на Оделението за внатрешни работи во Дебар, кое со својата активност ја покрива и општина Центар Жупа, во изминатото деноноќие, на ова подрачјето полициските службеници констатирале 7 прекршоци за неносење заштитна маска.

Како што изјави Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи од Охрид, ним им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест корона вирусот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Берово повторно се најде на листата на градови зафатени со корна вирусот

Бројките и понатаму високи: Нови 173 заболени од корона вирусот, најмногу во Скопје 75

Убава вест: Оздравени нови 150 пациенти од корона вирусот, вкупно до сега 2.748

Рекорден број на 15 починати пациенти од корона вирусот во едно деноноќие, вкупно до сега 321

МИА/Фото: Општина Дебар

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Села ја повика Бугарија да го крене ветото за Македонија

Редакција

Заразеното дете во градинката во Центар престојувало само еден час на 9 септември, сите во групата се во изолација

Редакција

Министерот Оливер Спасовски најсериозен кандидат за технички премиер

Редакција