еМагазин
Image default
Македонија

Берово повторно на листата на градови со случаи на корна вирусот

Берово повторно се најде на листата на градови зафатени со корнавирусот, откако Министерството за здравство денеска објави дека во оваа општина е регистриран нов случај.

Од општината велат дека продолжуваат и понатаму да ги следат препораките на Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести, бидејќи тоа е од клучно значење вирусот да не зафати поголем опсег од населението.

И покрај тоа што Берово е туристички град, надлежните институции уверуваат дека и угостителите и сопствениците на сместувачките капацитети, доследно ги почитуваат мерките, што влева надеж дека појавата на заразата од корона вирусот ќе биде сведена на минимална бројка, како што е моментално со само еден активен случај.

Покрај денешниот случај во Берово, уште тројца пациенти од Пехчево имаат позитивен наод на корона вирусот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бројките и понатаму високи: Нови 173 заболени од корона вирусот, најмногу во Скопје 75

Рекорден број на 15 починати пациенти од корона вирусот во едно деноноќие, вкупно до сега 321

Убава вест: Оздравени нови 150 пациенти од корона вирусот, вкупно до сега 2.748

МИА/Фото: Општина Берово

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ван Хојте за ИРЛ: Јанева треба да ја истражува специјален суд, а не колегите

Редакција

Државјани на Албанија, кои се здобиле и со македонско државјанство сведочеа во случајот „Титаник“

Редакција

Активни осум пожари, другите делумно локализирани

Редакција