еМагазин
Image default
ЖИВОТ

До средината на следната недела локално невреме со дожд, грмежи и ветер

Синоптичарите најавуваат нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи до крајот на денот.

Слично време се очекува и утре – сончево и многу топло претпладне и локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и град во попладневните часови. Минималната температура утре ќе биде во интервал од 14 до 23, а максималната од 30 до 37 степени. УВ индексот ќе биде висок – 9.

Во Скопје за утре се најавува слично време со услови за краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 35 степени.

До средината на наредната седмица ќе има честа појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, со локално невреме и изолирана појава на град.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Времето денеска сончево со слаб ветер и температура до 15 степени

Редакција

Мицкоски поправил прозорец на Инфективна, додека лежеше таму поради Ковид-19

Редакција

Од недела пообилни врнежи, засилен ветер и заладување

Редакција