еМагазин
Image default
Бизнис

Владата ги обврза трговците да обезбедат редари на влезот и во објектите

Владата на денешната седница донесе Уредба со законска сила за примена на Законот за трговија за време на вонредна состојба за поставување ред и дисциплина при влез и во внатрешноста на објектите во кои се врши трговија во мало-продавници, самопослуги, маркети, пекари и слично (во понатамошниот текст: објекти), за време на траење на вонредната состојба.

Согласно Уредбата, трговецот е должен да обезбеди редарска служба при влезот и во внатрешноста на објектот, за да се запази минимум потребното растојание меѓу лицата пред и во објектот и да обезбеди спроведување на дезинфекција за раце при влез во објектот.

-Уредбата определува дека трговецот е должен да постави соодветни ознаки со кои се обележува правецот на движење и запазување на минимум потребното растојание при чекање ред на лицата пред и во објектот.

Ознаките се поставуваат на растојание од два метри и тоа пред секоја каса за наплата и пред влезот на објектот, наведува владината прес-служба

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Реплек ќе дели дивиденда од 3.000 денари бруто по акција

Редакција

На новата Листа на должници на УЈП, 1.859 правни и 2.226 физички лица

Редакција

„СВ-Инвест“ го доби тендерот на ЕЛЕМ за помошна механизација во РЕК Битола тежок 53 милиони денари

Редакција