Владата денеска го усвои протоколот за работа на игротеките во услови на епидемијата и препорача строго почитување на мерките за заштита од пандемијата, но и на протоколот при вршење на дејноста.
-На денешната седница усвоен е протокол за работа на игротеките во услови на епидемија со Ковид-19 и се препорачува строго почитување на мерките за спречување на ширење на Ковид-19 инфекцијата и усвоениот протокол при вршење на дејноста, информираат од владината прес-служба.
Одговорноста за целосно спроведување на одредбите од протоколот, како што информираат оттаму, е обврска на вршителите на дејноста.
Владата денеска го усвои и извештајот на Комисијата за давање согласности за организирање настава со физичко присуство во училиштата за барањата на основачите доставени во периодот од 25 септември до 29 септември годинава.