еМагазин
Image default
Бизнис

Охридска банка ја зголеми добивката за 18,7%

Охридска банка за периодот од 1.1.2020 до 30.9.2020 оствари добивка од 457,5 милиони денари, што е зголемување од 72 милиони денари или пораст од 18,7% споредено со истиот период минатата година, соопшти банката преку Македонската берза.

„Порастот на финансискиот резултат е резултат на значително намалената цена на чинење на ризикот. Остварените оперативни приходи се под влијание на работењето во услови на глобална пандемија и нејзините ефекти врз глобалната побарувачка и понудата на економски и финансиски ресурси, во услови на значителна неизвесност во економската активност на голем дел од деловните и економските субјекти“, информираат од банката.

Нето-приходите од камати на крајот од третиот квартал од 2020 година изнесуваат 799,6 милиони денари и во однос на истиот период минатата година се намалени за 32,2 милиони денари, или за 3,9%, при што приходите од камати бележат поголемо намалување од 55,4 милиони денари споредено со намалувањето на каматните расходи за 23,2 милиони денари.

„Реализацијата на нето каматните приходи во најголем дел е под влијание на значителниот пазарен притисок, а со тоа и пад на активните каматни стапки за кој пазарните услови не дозволуваат истиот да биде соодветно компензиран на страната на изворите на средства, како и помалиот износ на запишани благајнички записи согласно одлуката на Народна банка за намалување на износот кој деловните банки може да го запишат во благајнички записи и намалената каматна стапка  кај благајничките и државните записи“, велат од банката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Започна процесот на интегрирање на Охридска банка со Шпаркасе банка Македонија

Охридска банка во првото полугодие со намалена добивка

Малцински акционери ја тужат Охридска банка

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во мај раст и на депозитите и на кредитите

Редакција

Раст од 3% на македонската економија во третиот квартал

Редакција

Синдикат: Не сме консултирани за одлагањето на решението со кое недела ќе биде неработен ден

Редакција