еМагазин
Image default
Бизнис

Охридска банка во првото полугодие со намалена добивка

Охридска банка АД Скопје во првите шест месеци од годината оствари добивка пред оданочување од 155.139 илјади денари, соопшти Банката преку Македонската берза.

Во истиот период минатата година добивката пред оданочување била 278.736 илјади денари.

“Билансот на на состојба на Банката на крајот од првото полугодие од 2020 година изнесува 43.019 милиони денари и е за 5,5% над планираното. Споредено со крајот на 2019 година, е на повисоко ниво за 684,9 милиони денари, како резултат на порастот на краткорочните депозити и повлечени средства по основ кредитна линија од матичната банка.

Депозитите на клиентите, со учество од 72,2 %, се доминантен извор на финансирање на активностите на Банката. Во споредба со крајот на минатата година бележат намалување од 190 милиони денари и се во линија со планираниот износ.

Во вкупните депозити, депозитите на население учествуваат со 44,5%, депозитите на правни лица учествуваат со 39,2 %, а депозитите од финансиски друштва со вклучени депозити од банки имаат учество од 16,3 %.

Депозитите од правни лица бележат намалување од 1,8 милијарди денари или 13,3% со реализација на планот од 86,1%. Намалувањето е резултат во најголем дел на намалување на краткорочно орочените девизни депозити.

Врз движењето на депозитите од правните лица во текот на годината и на нивната состојба, покрај цикличниот карактер, влијание има и движењето на депозитите од големите и интернационални клиенти поврзано со нивните комерцијални активности и ликвидносни потреби и планирања на ниво на матични групации.

Депозитите од население во првото полугодие од 2020 година, се зголемени за 246 милиони денари или за 1,8 %, и се во линија со планираниот износ.

Депозитите од финансиски друштва бележат зголемување за 1,4 милијарди денари односно 40,1 % споредено со крајот на минатата година резултат на краткорочно орочените депозити од матичната банка.

Средствата од меѓународните финансиски институции имаат учество во вкупните обврски од 10,2 % , во кои се застапени кредитните линии од ЕИБ, ЕБРД, Развојна банка на С.Македонија, ГГФ, ЕФСЕ, и матичната банка.

Акционерскиот капитал и резервите на Банката достигнаа износ од 5.303 милион денари и бележат зголемување за 17 % споредено со крајот на 2019 година“, велат од Банката.

На страната на активата, расположливите средства во најголем дел се алоцирани во комерцијални пласмани на клиенти, кои учествуваат со 71,5 %, потоа следуваат паричните средства и парични еквиваленти кои учествуваат со 23,1 %, пласманите во хартии од вредност со 2,8 % и другите средства со 2,6 %, велат од Банката.

“Вкупните бруто-кредити на комитентите на крајот од јуни 2020 година изнесуваат 32.753 милиони денари, од кои 54 % се кредити на правни лица, а 46 % се кредити на физички лица. Вкупните кредити на комитентите се зголемени за 1,9 милијарди денари или за 6,1 % и се во линија со планираниот износ за првото полугодие од 2020 година.

Кај кредитите на население според типот на производите најголемо е учеството на потрошувачките кредити со 41,1 %, следат станбените кредити со учество од 40,6 %, хипотекарните кредити со 10,1 %, кредитните картички учествуваат со 3,4 %, пречекорувањата со 2,8 % и останати со 2 %.

Пласманите во ликвидната актива се во согласност со ликвидносните потреби на Банката, со рочниот и со валутниот аспект на средствата и на изворите и со одржувањето на нивото на задолжителната резерва, со соодветно запазен профитабилен аспект.

Кумулативниот реализиран финансиски резултат за периодот од 1.1.2020 до 30.06.2020 г. изнесува 155,1 милиони денари, бележи намалување од 44,3% споредено со истиот период минатата година со реализација на планот од 70,5 %.

На остварениот резултат влијание има работењето во услови на глобална пандемија и нејзините ефекти врз глобалната побарувачка и понудата на економски и финансиски ресурси, во услови на значителна неизвесност во економската активност на голем дел од деловните и економските субјекти.

Нето-приходите од камати на крајот од првото полугодие од 2020 година изнесуваат 524,1 милиони денари и во однос на истиот период минатата година се намалени за 38,4 милиони денари, или за 6,8 % со реализација на планот од 92,3 %.

Реализацијата на нето каматните приходи во најголем дел е под влијание на значителниот пазарен притисок, а со тоа и пад на активните каматни стапки за кој пазарните услови не дозволуваат истиот да биде соодветно компензиран на страната на изворите на средства, како и помалиот износ на запишани хартии од вредност согласно одлуката на Народна банка за намалување на износот кој деловните банки може да го запишат во благајнички записи како и намалената каматна стапка на државните записи што влијаеше на намалување на обемот.

Приходите од камати бележат намалување за 46,5 милиони денари, додека трошоците за камати бележат намалување од 8,1 милиони денари.

Намалувањето на каматните приходи е резултат на пониските каматните приходи од пласмани кај секторот компании кој беше под најголем пазарен и конкурентски притисок кај активните каматни стапки, додека приходите од камати на кредитите кај население и покрај влијанието на пониската просечна каматна стапка, бележат раст благодарение на зголемената состојба.

Нето-приходот од провизии и од надоместоци, во износ од 139,6 милиони денари, е намален за 29,5 милиони денари или за 17,4 % во однос на истиот период минатата година со реализација на планот од 81,4 %“, велат од Банката.

Приходите од провизии и надоместоци бележат намалување од 23,3 милиони денари, при што значително е намалувањето на провизиите од платните системи како резултат на намалениот обем на трансакции, провизиите од услугите кај кредитните производи, издадените гаранции, картичното работење исто така бележат намалување, велат од Банката.

“Трошоците за провизии и за надоместоци бележат зголемување за 6,1 милиони денари во однос на вториот квартал претходната година, на што поголемо влијание имаа активностите поврзани со картичното работење и износот на надоместок за услуги од финансиски институции.

Нето-приходите од курсни разлики изнесуваат 58 милиони денари, и се намалени за 15,8 милиони денари или за 21,5 % во споредба со истиот период од минатата година, со реализација на планот од 75,5 %,во најголем дел поради намалената активност на економските субјекти во услови на глобална пандемија.

Другите приходи изнесуваат 21,1 милиони денари и во споредба со истиот период од минатата година се намалени за 42,2 милиони денари. На износот на другите приходи во минатата година најголем ефект имаше остварениот приход од отстапување на претходно отпишани побарувања.

Исправката на вредноста на финансиските средства на нето-основа на крајот од јуни 2020 година изнесува 202,8 милиони денари и, споредено со истиот период во 2019 година, бележи зголемување од 4,5 милиони денари, со реализација на планот од 92%.

Вкупните оперативни трошоци во периодот јануари ‒ јуни изнесуваат 384,8 милиони денари, со реализација на планот од 94 %, а споредено со претходната година, бележат намалување од 6,8 милиони денари, при што намалување има кај трошоците за вработените, трошоците за службени патувања, трошоци за транспорт на готовина, трошоците за осигурување и трошоците за закупнини.

Повисоки оперативни трошоци се забележани кај трошоците поврзани со картичното работење, трошоците за хардвер и софтвер, со осигурувањето на депозити.

Заради преземање на неопходните мерки за заштита на вработените и на клиентите, а во согласност со препораките за спречување на ширењето на вирусот Ковид-19, бележат пораст трошоците за набавка на заштитни маски, опрема, средства за хигиена и за дезинфекција на просториите на Банката“, велат од Банката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Малцински акционери ја тужат Охридска банка

„Охридска банка“ со намалена добивка во првите три месеци од годинава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бахамите најголем странски инвеститор во Македонија во 2019 година

Редакција

Руската „Нордвинд“ отвори втора авиолинија од Скопје: Oд денес редовни летови до Санкт Петербург

Редакција

Суспедирано тргувањето со акциите на ЗК Пелагонија

Редакција