еМагазин
Image default
Бизнис

Зголемување сред криза: Комерцијална банка оствари добивка од 21,3 милиони евра за девет месеци

Во периодот од 01.01-30.09.2020 година Комецијална банка од своето работење оствари позитивен финансиски резултат во износ од 1.310.600.000 денари (21,3 милиони евра) наспроти остварениот позитивен финансиски резултат во истиот период минатата година во износ од 1.300.600.000 денари што претставува зголемување за 0,8%, соопшти банката преку Македонската берза.

„Планираната бруто-добивка за деветте месеци од годинава е остварена со 89,1%. Зголемувањето на бруто-добивката е остварено во услови на позначителен пораст на дополнителната исправка на вредноста на финансиските средства заради влошување на квалитетот на корпоративното кредитно портфолио.

Остварената добивка пред исправка на вредноста, е за 37,8% поголема во однос на истиот период минатата година. Значителното зголемување на добивката пред исправка на вредноста главно произлегува од зголемувањето на останатите приходи, односно приходите од капитална добивка од продажба на преземен имот по основ на ненаплатени побарувања од клиентите Прототип ДООЕЛ Скопје и Технометал Вардар АД Скопје.

Позитивниот резултат од работењето, банката го оствари во услови на прогласена вонредна состојба во државата поради пандемијата со Ковид-19 во периодот март-јули, при што е извесно дека и во следниот период здравствената и економската криза ќе се пролонгира и остануваат присутни ризиците поврзани со истата.

Во периодот по прогласувањето на вонредната состојба, заклучно со 30.09.2020 година, банката во целост го прилагоди своето работење со донесените препораки и уредби од Владата, како и со измените на регулативата поврзана со управувањето со кредитниот ризик и останатите одлуки донесени од страна на Народната банка кои беа креирани пред сè за да ги заштитат клиентите на банките кои се директно погодени од кризата“, информираат од банката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Продаден блок акции од Комерцијална банка за 54.000 евра

Нема „корона криза“ за акциите на Комерцијална банка: Промет од 30 милиони евра за осум месеци

Продадени два блока акции од Комерцијална банка за 265.000 евра

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ТЕЦ Осломеј се вклучи во производство на струја

Редакција

„Макошпед“ оствари добивка од 9,9 милиони денари

Редакција

Од ноќеска на полноќ ќе се точат горива по поевтини цени

Редакција