еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Од ноќеска на полноќ ќе се точат горива по поевтини цени

Бензините од вечерва на полноќ ќе се продаваат по цени пониски за пет денари по литар, додека дизелот поевтинува за шест денари по литар, соопшти попладнево Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

-Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 5,95 проценти во однос на одлуката од 15.03.2022 година, се вели во соопштението од РКЕ.

Согласно Одлуката, малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 5,50 денари по литар, малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 2,550 денар по килограм и сега ќе изнесува 56,749 денари по килограм.

-Од 17.3.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: моторен бензин Еуросупер БС – 95 81,50 (денари/литар), моторен бензин Еуросупер БС – 98 83,50 (денари/литар), дизел гориво Еуродизел БС (Д-Е V) 79,00 (денари/литар), масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 75,50 (денари/литар), мазут М-1 НС 56,749 (денари/килограм), се наведува во соопштението од РКЕ.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 4,533 отсто, кај дизелот за 7,922 проценти, кај екстра лесното масло за 7,911 отсто и кај мазутот намалувањето е во просек за околу 4,928 проценти.

Од РКЕ воедно потсетуваат дека трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сите детали: МВР поднесе кривични пријави против експретседателот и поранешниот состав на Регулаторната комисија за енергетика

Редакција

Софија Куновска: Ќе излезе ли од владата ДУИ ако СДСМ не застане зад францускиот предлог?

Редакција

Антикорупциска ќе испитува како поранешните претседатели Иванов и Црвенковски ги избрале канцелариите

Редакција