еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Меѓународниот суд на правдата и нареди на Русија да ја прекине воената операција во Украина

Меѓународниот суд на правдата (МСП) денеска и нареди на Русија веднаш да ја прекине воената операција во Украина.

„Руската Федерација веднаш да ги прекине воените операции кои започнаа на 24 февруари 2022 година на територијата на Украина“, соопштија судиите.

Тие додадоа дека Русија исто така мора да се погрижи другите сили под нејзина контрола или оние поддржани од Москва да не ја продолжат воената операција.

Судот изрази „длабока“ загриженост поради руската употреба на сила во Украина.

„Судот е свесен за размерите на човечката трагедија во Украина … Судот е длабоко загрижен за употребата на сила од страна на Руската Федерација во Украина, што покренува многу сериозни прашања за меѓународното право“, рече претседавачкиот судија Џоан Доногју.

Постапката пред МСП беше иницирана од Украина во февруари, барајќи од судот да и нареди на Москва да ја запре инвазијата.

Русија го бојкотираше сослушувањето одржано пред десетина дена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

НАТО стои на ставот дека нема да се инволвира во војната во Украина, ризикот е преголем

(Вознемирувачко видео) 10 лица убиени во украинскиот град Чернигов додека чекале ред за леб

Вознемирувачки снимки од убиство на цивили во Украина

МИА/Фото: Украинско министерство за одбрана

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) На момчето што го фати крстот во Штип се обидоа да му го земат

Редакција

Општина Бутел вработува четири лица, плата до 29.600 денари

Редакција

Владата ќе укине 10 илјади работни места, ќе го осиромаши буџетот за 280 милиони евра, реагираат од АПИС за Законот за игри на среќа

Редакција