еМагазин
Image default
Бизнис

Владата го усвои Предлогот за ребаланс на Буџетот

Владата на осмата седница го утврди Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот за 2020 година и донесе заклучок да го достави на усвојување до Собранието.

Како што се наведува во соопштението на владината Прес-служба, согласно финансиските показатели проекциите покажуваат дека дефицитот во Буџетот ќе изнесува 8,4 отсто, заради растот на расходната страна во која со најголем процент учествуваат мерките за ублажување на економските последици предизвикани од пандемијата со Ковид-19.

– Приходната страна на Буџетот останува непроменета, а очекуваниот дефицит ќе се покрие со задолжување на домашниот пазар. Со ребалансот на Буџетот не се предвидени никакви импликации во однос на социјалните трансфери и пензии и тие ќе се исплаќаат редовно, информираат од Владата.

Во соопштението се нагласува дека сите мерки од четирите пакети за поддршка на економијата и граѓаните во услови на здравствено-економска криза ќе се реализираат согласно плановите до крајот на годината за ликвидност на економијата, преку ликвидност на компаниите и за зголемување на јавната потрошувачка.

– Со дополнително кратење на непродуктивни трошоци и со реалокација на средствата во Буџетот ќе се задржи исполнувањето на обврските како што се редовната исплата на доспеаните долгови и субвенции, особено во програмите за рурален развој, за образование, за заштита на животната средина и други еколошки проекти, како и за реализација на капиталните проекти, се наведува во соопштението  од владината седница.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Акциите на Макпетрол, Алкалоид и Комерцијална банка најтргувани на Македонската берза

Редакција

Авиолинија Атина-Скопје сепак ќе има

Редакција

Антикорупциска вработува 13 службеници

Редакција