еМагазин
Image default
Бизнис

Владата го задолжи ЕСМ да обезбедува топлинска енергија во Скопје

Владата на седница, со цел обезбедување топлинска енергија во Скопје, донесе одлука со којашто на ЕСМ Продажба ДООЕЛ Скопје му се наметнува обврската за обезбедување на оваа јавна услуга.

– Обврската на ЕСМ ДООЕЛ Скопје се однесува на вршење енергетска дејност: регулирано производство на топлинска енергија за потребите на потрошувачите на дел од подрачјето на градот Скопје и тоа за подрачјата на општините: Аеродром, дел од Гази Баба, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Центар и Чаир, како и за обезбедување топлинска енергија за покривање на загубите во системот, системска резерва и системски услуги за одржување на потребните работни параметри во рамките на системот за топлинска енергија за овие делови од Град Скопје, соопштија од владината прес-служба.

На седницата Владата усвои и измени и дополнувања на Уредбата за критериумите и условите за прогласување кризна состојба во случаи на временски и природни непогоди, хаварии и нарушувања на пазари на електрична енергија, начинот на снабдување со електрична енергија во кризна состојба, мерки што се преземаат во случај на кризна состојба, како и правата и обврските на носителите на лиценци за вршење на електроенергетски дејности.

– Во Уредбата, којашто предвидува ограничување на потрошувачката на електрична енергија и обезбедување на дополнителни количини на електрична енергија, вклучително и балансна енергија и резерва за активна моќност, со измените и дополнувањата, направени на барање на Министерството за економија, е предвидена можност и за преземање мерки за спречување злоупотреби и манипулации, при обезбедување на универзална услуга на пазарот на електрична енергија, како и мерки за обезбедување на непречено и сигурно снабдување со електрична енергија, од страна на универзалниот снабдувач, на потрошувачите кои вршат дејност од јавен интерес, како и на други потрошувачи кои не се снабдуваат од универзалниот снабдувач, заради заштита на животниот стандард, истакнаа од владината прес-служба.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Струмички „Грозд“ ја зголеми добивката

Редакција

Мермерен Комбинат во првите шест месеци со намалена добивка

Редакција

Дирекцијата за заштита на личните податоци е против увидот на УЈП во сметките на граѓаните

Редакција