еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Владата на Црна Гора го отповика, Азески се заблагодари за функцијата почесен конзул

Претседателот на Стопанска комора на Македонија, Бранко Азески се заблагодари за тоа што беше почесен конзул на Македонија во Црна Гора, откако црногорските медиуми јавија дека Владата на Црна Гора го отповикала од функцијата почесен конзул.

„Црна Гора е независна и суверена држава, која согласно Уставот е дефинирана како граѓанска, демократска, еколошка и држава на социјална правда, заснована на владеење на правото.

Иако независноста на Црна Гора е обновена на 3 јуни 2006 година, со истапувањето од државната заедница со Србија, таа претставува една од најстарите европски држави.

На овие простори се простирала латинската провинција Превалис, средновековната држава Зета, а денес современата држава Црна Гора, која претставува своевидна раскрсница на која се испреплетени повеќе историски случувања, народи и култури (илирска, словенска, византиска, турска), како и религии (христијанска и исламска), кои оставиле свои траги до денешен ден,“ се вели во соопштението од Стопанска комора.

Во него се додава дека Азески на Црна Гора и посакува брз развој и просперитет, а на компаниите поголем профит.

Според пишувањата на весникот „Дан“, Владата на Црна Гора го отповикала Азески, бидејќи „отповиканиот конзул се обидел да ги омаловажи и компромитира највисоките власти во Црна Гора, презентирајќи свои лични забелешки и предвидувања во врска со работата на Владата“.

Според одлуката потпишана од премиерот Здравко Кривокапиќ, Министерството за внатрешни работи дошло до сознанија дека Азески, при извршувањето на должноста почесен конзул, ја користел секоја можност да изрази сомнеж за угледот на Црна Гора и за кредибилитетот на нејзините тела.

Исто така, појаснето е дека безбедносните органи особено ги забележале разговорите на Азески со истакнати бизнисмени од различни сфери, презентирајќи ги неговите лични забелешки и предвидувања во врска со работата на Владата на Црна Гора.

Фото: Стопанска комора на Македонија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Маглa го отежнува сообраќајот на повеќе патни правци низ државата

Редакција

(Видео) Голем митинг за подршка на Вучиќ во Белград

Редакција

Бизнисмените од Косово и Македонија бараат да се укинат ковид-тестовите помеѓу двете држави

Редакција