еМагазин
Image default
Бизнис

Владата објави тендер за интерветна набавка на маски

Владата објави јавен повик за интервентна набавка на заштитни маски со цел спречување на последиците од коронавирусот Ковид – 19 за време на вонредната состојба.

Согласно повикот, маските треба да бидат повеќекратно употребливи, изработени од 100% памук, грамажа: 140-160 гр/м2 и промена на димензиите при перење и сушење (собирање) на 95°C максимум 5%, на јаток максимум 1%.

„Право на учество во Јавниот повик имаат сите домашни производители кои ги исполнуваат условите од овој повик и тоа:

– испорака на најмалку 2.000 маски дневно

– испораката да се врши за период на траење на вонредната состојба, на различни локации во Скопје

– единечната цена по маска да изнесува максимум 40 денари, плус данок на додадена вредност за маските изработени од материјал за изработка во сопственост на економскиот оператор

– единечната цена по маска да изнесува максимум 25 денари, плус данок на додадена вредност за маските изработени од материјал обезбеден од страна на Владата

– за материјалот од кои ќе се изработуваат заштитните маски потребно е да се достави извештај од извршена лабораториска анализа издаден од страна на овластена лабораторија, со примерок од маската во прилог“, пишува во повикот.

Повеќе детали ТУКА.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Витаминка ја зголеми добивката во третото тримесечије

Редакција

Драгољуб Арсовски купи 500 акции во ТТК Банка

Редакција

Директорот на Гранит, Зоран Милковски купи 3.247 обични акции

Редакција