еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК

Владата усвои агенда „Европа дома“ за примена на европски стандарди и вредности

Владата денеска ја усвои Агендата „Европа дома“ во која што се преточени принципите и заложбите поставени како приоритет во владината Aкција 21 со која, како што објави премиерот Зоран Заев, е потврдена одлучноста да се имплементираат европските стандарди и вредности во секој сегмент на нашето општество.

Станува збор за агенда на Владата и за другите институци како што се Собранието, правосудните органи, Државната изборна комисија, Држaвната комисија за спречување на корупцијата, како и  други агенции и комисии кои во соработка со Владата ќе ги завршат преостанатите активности за целосна европеизација на системот и на нивната работа според стандардите на ЕУ како наши одредници.

-Агенда дома е своевиден роковник со утврдени активности и нивни носители кои во точно одреден рок треба да ги завршат своите обврски  за да ги унапредиме институциите и системот.

Преку тоа граѓаните ќе добијат подобри услуги и подбар живот и уште еднаш да докажеме дека Северна Македонија го заслужува местото  во ЕУ и дека природно припаѓа во европското семејство, рече Заев на заедничката прес-конференција со вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров, на која присуствуваат и вицепремиерот за борба против корупцијата Љупчо Николовски и министрите за правда и за финансии Бојан Маричиќ и Фатмир Бесими.

Документот е подготвен врз основа на обврските кои сме презеле ги во рамките на заедничките тела меѓу Северна Македонија  и ЕУ, а кои произлегуваат од Спогодбата за стабилизација и асоцијација и препораките на Европската комисија.

Документот го подготви вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров со тимот на  Секретаријатот за европски прашања.

За секоја приоритетена област, посочи Заев, се наведени прецизни цели и надлежни институции, како и рокови за нивна реализација, додека документот е консултиран со невладини организации кои работат во областа на евроинтеграциите како и со Делегацијата на ЕУ.

„Акцентот е ставен на изборната реформа, на правосудството, на борбата против корупцијата и организираниот криминал, на темелните човекови права, на реформите во медиумската сфера, на економското владеење и на реформата во јавната администрација,“ рече Заев.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Криминалци во ЕУ нудат 1,1 милијарди дози вакцини на црниот пазар, велат од Европска комисија

Редакција

Инфо-караванот на ИПАРД денеска беше во Неготино и Кавадарци, се приближува рокот за аплицирање за Мерка 1 од ИПАРД Програмата

Редакција

Кога се завршивме како држава НАТО испорача, а ЕУ не, изјави Ковачевски на форумот „Глобесек“

Редакција