еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Владата одлучи: Од утре полициски час од 22 часот навечер до 5 часот наутро

Владата донесе одлука да се воведе полициски час, потврдија за МИА од владината прес-служба.

Одлуката е донесена на предлог на Комисијата за заразни болести поради зголемениот број на новозаболени и хоспитализирани лица од Ковид -19.

Комисијата за заразни болести предложи полицискиот час да важи од 22 часот навечер до 05 часот наутро во период од две недели, колку еден епидемиолошки циклус. Мислење на Комисијата е дека оваа рестриктивна мерка ќе даде резултати.

Министерот за здравство Венко Филипче вчера изјави дека анализите на Комисијата покажале дека поради непочитување на мерките се очекуваат нови случаи на заразени, но и зголемен број на хоспитализирани.

– Инциденцата најмногу е зголемена во Скопје, Кавадарци, Неготино, Прилеп и во Охрид. Тоа се реперкуира на начин што има зголемен прилив на пациенти во болниците.

Во Кавадарци е целосно исполнето Инфективното и дополнителните одделенија и почна да работи и модуларната болница.

Исто е во Прилеп, а во Скопје секојдневно има се поголем број случаи кои бараат хоспитализација и затоа во функција се врати модуларната болница до Инфективната клиника и повторно се спремни сега сите интерни клиники, изјави Филипче.

Денеска, и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, запрашан дали полицискиот час ќе ги даде очекуваните резултати, рече дека иако рестриктивните мерки не се популарни, сепак се неопходни за да се сочува јавното здравје.

– Подобро е пократко време да имаме рестриктивни мерки, отколку да имаме целосно оптоварување на здравствениот систем, изјави Спасовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Твитер во „црвено“ за најавениот полициски час

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Како изгледа кампањата за производите од грчката област Македонија

Редакција

Расправија за пат била причината за убиството на татко и син од Челопек

Редакција

Детали за убиството во казиното: Пукал, па во глава го удирал со кундакот од пиштолот, се трага по сторителот

Редакција