Членови на Владата имале контакт со претседателот на СДСМ, Зоран Заев, кој е тестиран за Ковид19, откако имал контакт со заболено лице. Неговите резултати се чекаат, а дали ќе бидат тестирани ќе добијат информација од министерот за здравство.
Ова го истакна минисерката за финансии Нина Ангеловска одговорајќи на новинарско прашање на денешната прес-конфренција по средбата со претставници од угостителскиот сектор.
„Секако дека сме биле во комуникација со претседаелот на СДСМ. Станува збор за самоизолација која трае 14 дена. Резултатите не се познати. Ако треба да се тестираме го имаме министерот за здравство кој ќе ни каже. Сепак, резултатите не се излезени.
Во Владата секако дека на дневно ниво сме во релација и ова на долг рок нема да го издржиме да бегаме еден од друг и во овој период мора да се заштитиме и затоа и кога ги имаме состаноците сите седиме на два метра и сите носиме маски.
Ако погледнете целата влада е адаптирна да ја држиме таа дистанца и да ги почитуваме сите препрораки и се што треба да преземеме“, истакна Ангеловска.
Таа додаде дека ова е шанса да сите да ги трансформираме бизнисите, процесите, и можеби дел од нашето однесување. Порача да го искористиме карантинот за да придобиеме некоја нова вештина и да излеземе попаметни и подобри.
МИА
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Канал 5“ со детали за заболениот новинар, кај кого на интервју гостуваа Мицкоски и Заев
Мицкоски: Ќе ги слушам препораките на здравствените работници и ќе останам во изолација
Заев се огласи од самоизолација од Струмица
Фото: Влада