Синоќа, владата на СДС и ДУИ во целост прикажа како се манипулира и демонстрира насилство врз обичен народ, велат од Левица.
-Министерот Спасовски очигледно го оствари своето сценарио дека ќе се случат радикални сцени – само за да апсат невини граѓани. Негрижејќи се ниту за граѓаните, ниту за полицијата, Спасовски ги изложи сите во опасност – само за да ги прикажи илјадниците граѓани кои достоинствено протестираат како насилници. Левица претходно предупреди дека власта ќе уфрли провокатори со фантомки, со цел да се апсат граѓани и да се амортизира револтот кај народот. И покрај лошите временски услови, илјадници граѓани маршираа против новото национално предавство на ДУИ. Тоталитарниот режим се обидува да ја инструментализира полицијата против сопствениот народ, само за да го спасат неизбежниот пад од власт, велат од Левица.ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео+фото) Пееше Ребека: Илјадници граѓани повторно кажаа НЕ на “францускиот предлог“
Од безбедносни причини Пендаровски одложи интервју
(Видео+фото) Протестите ескалираа: 47 повредени полицајци и 11 приведени демонстранти
Фото: Левица
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.