Алијанса за Албанците денеска соопшти дека нејзиниот в.д. претседател Арбен Таравари напладне ќе има средба со премиерот Димитар Ковачевски.
Како што се наведува во најавата, средбата ќе се одржи во Владата, по што Таравари ќе има изјава за медиумите.
Во партиското соопштение не е посочено за што ќе разговараат Таравари и Ковачевски.
Периодов се шпекулира дека партијата ќе стане дел од владејачкото мнозинство, а од таму ги демантираа тие информации.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трајанов по лидерската: Партија од опозицијата чека за влез во Владата
Фото: Алијанса за Албанците
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.