еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Трајанов по лидерската: Партија од опозицијата чека за влез во Владата

Претседателот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов по денешната лидерска средба во Собранието изјави дека во целина добро е што претседателите на политичките партии разговарале, но проблемот е што за ниту едно прашање не се изградил заеднички став. Сепак, смета дека ваквите разговори треба да продолжат и дека е потребно да се направи дополнителен напор да се направи и од СДСМ, ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ и другите партии доколку сакаме единство.

Тој рече дека не се противи Бугарите да влезат во Уставот, но тоа да биде реципрочно и за Македонците во Бугарија.

-Жалам што имаа историска шанса лидерите на политичките партии да упатиме јасна порака, јасни барања до Бугарија да ги признаат правата на Македонци, затоа што сигурен сум дека корените на сите проблеми се наметнати од Бугарија со тоа што го негира нашиот јазик и народ. И доколку го направат тој чекор, тоа ќе биде со историски димензии и сите отворени прашања многу брзо ќе се затворат, рече Трајанов.

Тој преку медиумите апелираше до Бугарија да ги признае правата на македонското малцинство и да започне со спроведување на одлуките на Судот во Стразбур.

На средбата тој зборувал и за потребата од, како што кажа, робусна борба против корупцијата и криминалот кои станале вредносна категорија во Македонија, сите креативни луѓе да се вклучат во скрининг процесот, укажал на разочарувањето од граѓаните од функционирањето на системот и институциите во државата.

Како што кажа, се отворила и темата за предвремени избори.

-Доколку не обезбедиме единство за сите овие важни прашања за државата да оди напред па можеби логично оваа тема ќе се наметне па партиите што се за промена на Уставот, доколку добијат поддршка тоа ќе можат да го направат, рече Трајанов.

Сугерирал и формирање на широка коалициска влада, но вели дека ДС не е таква политичка партија која може тој став да го наметне. Трајанов одговарајќи на новинарско прашање кажа дека предложил да има предвремени избори доколку не се постигне консензус за овие прашања.

Сепак, тој посочи дека опстојувањето на Владата и мнозинството не зависи само од него или само од бројките. Додаде дека уште една партија чека за влез во Владата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Мицкоски по лидерската: Нема мнозинство за уставни измени, логично е да одиме на предвремени парламентрани избори

(Видео) Лидерите не се договорија за ништо, за Ковачевски е позитивно што седнале на заедничка маса

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Македонисимо“ вечерва во Секирник, родното место на мајката на Симон Трпчески

Редакција

Детален преглед на активни пожари низ Македонија

Редакција

Ескобар денеска во Скопје за уставните измени, Мицкоски посетата ja гледа како секоја друга

Редакција