еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Никој на лидерската не кажал дека е против тргањето на формулацијата „20%“ од Уставот, вели Таравари

Ние сме на пат за Европската Унија и немаме друга алтернатива. Како Алијанса за Албанците (АА) апсолутно го поддржуваме овој процес и ќе бидеме тие коишто ќе помогнат со сите сили, нагласи в.д. претседател на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, по лидерската средба во Собранието, поздравувајќи ја иницијативата за состанокот со надеж дека дебатата ќе продолжи и во иднина.

– Ја поздравувам иницијативата од премиерот што ја свика денешната средба, мислам дека ова е добар знак за целиот процес да биде што поинклузивен и потранспарентен. Мислам дека требаше уште порано да има дебата меѓу политичките партии, меѓутоа никогаш не е доцна. Се надевам дека дебатата ќе продолжи, ние сме на пат за Европската Унија и немаме друга алтернатива, истакна Таравари.

Тој нагласи дека смета оти нема друга алтернатива за државата освен ЕУ и поради тоа уставните промени кои што треба да се случуваат не треба да се гледаат како ризик за државата, туку како можност.

– Како можност за да има повеќе етнички заедници застапени во преамбулата на Уставот на Република Македонија, моментално се размислува за Бугари, Хрвати и за Црногорци, зошто да не и за Торбеши евентуално. Секое општество и секоја држава е побогата ако има повеќе етнички заедници во нејзе, истакна Таравари.

Лидерот на АА посочи дека исто така на средбата било отворени и прашањето за отстранување на процентот за употреба на албанскиот јазик.

– Мислам дека е коректно нашите сограѓани Македонци да покажат пред се почит кон нивните сожители кои сме 30 проценти од вкупната бројка на жители кои што живеат во Македонија и мислам дека е достоинствено да се употребува албански јазик, а не бројки или проценти, рече Таравари.

Тој, одговарајќи на новинарско прашање околу тоа дали има интерес кај останатите политички партии за тргање на процентите за употреба на албанскиот јазик, потенцираше дека на средбата никој не кажал дека е против.

– Јас мислам дека тоа е апсолвирано, сум го кажал и јавно тоа неколкупати. Албанските партии сите мислат така, меѓутоа и поголемите македонски партии, зборувам за СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, барем јавно имаат кажано дека не им пречи ништо да се тргне 20 посто, наведе Таравари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Мицкоски по лидерската: Нема мнозинство за уставни измени, логично е да одиме на предвремени парламентрани избори

(Видео) Лидерите не се договорија за ништо, за Ковачевски е позитивно што седнале на заедничка маса

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Обвинителството ги гони Вељаноски, Јанакиески, Груевски и Ристоски како организатори за настаните од 27. април

Редакција

Наскоро идентификациски број за Отворен Балкан за граѓаните на Македонија

Редакција

Бугарскиот пратеник Костадинов повтори дека сите Македонци се Бугари, а Македонија бугарска

Редакција