еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Уште тројца вработени во затворот Идризово се суспендирани поради бегството на Мемети

Директорот на Управата за извршување санкции, Јовица Стојановиќ информираше дека уште тројца вработени во КПУ „Идризово“ се суспендирани после бегството на затвореникот Беким Мемети.

Два ипол часа се проверувал видео надзорот во „Идризово“, вели, Стојановиќ и додава дека новите тројца суспендирани не се одговорни само за бегството, туку и за функционирањето на целата зграда.

-Што точно се случило, не би знаел да кажам, но затворот е добро обезбеден со камери, ѕидови, жици и единствен начин да се излезе е со медицинска помош или со поддршка на дел од вработени, изјави Стојановиќ во емисијата „Топ тема“ на Телма.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Поради бегството на Мемети разрешен директорот на Управа за извршување на санкциите Марјан Спасовски

Кои се протоколи ги прекршиле затворските полицајци при бегството на Беким Мемети

За што е осуден Беким Мемети, кој избега од Идризово и рани затворски полицаец

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вкупно ревакцинирани 579.358 граѓани

Редакција

Слаб интерес на македонските фирми за заштита на трговските марки со Македонија/македонско

Редакција

Што му кажал Радев на Макрон за Македонија

Редакција